Работилница“Поглавје 23- Темелни права”

Работилница

“Поглавје 23- Темелни права”

31 Август – 2 Септември 2016 година

14489778_1182878101759129_1768115995_o

     Во периодот 31 август – 2 септември 2016 година, се  одржа работилница посветена на областа Темелни права согласно структурата на Поглавјето 23. Оваа работилница беше наменета за членови на граѓанските организации  кои се дел од Мрежата 23 и грантовата шема од проектот „Мрежа 23+ , а меѓу кои составен дел е и Советот за Превентива Против Малолетничка Деликвенција(СППМД).

Организациите од мрежата се директно поврзани со процесот на мониторинг и евалуација на јавни политики во Поглавје 23 преку реализација на  проекти кои се составен дел од грантовата шема, но и нивните тековни активности. Дополнително, на работилницата присуствуваа и претставници на Канцеларијата на Народниот правобранител, Дирекцијата за заштита на лични податоци и Комисијата за европски прашања, при Собранието на РМ.

     Целите на работилницата се однесуваа на следново: Запознавање со структурата за креирање информации, следење и евалуација на имплементација на политиките од Поглавјето 23, темелни права опфатени со Поглавјето 23. и набљудување на остварувањето на темелните права и нивната заштита.

Учесниците се стекнаа со знаење за:

  • структурата на Поглавјето 23,
  • механизмите за заштита на правата од Поглавје 23,
  • методологијата за креирање на информативни,
  • евалуациски и датабази за мониторинг на пристапните преговори.

Воедно, се дискутираа искуствата, предизвиците и можните ризици при имплементацијата на проектите.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s