Повик за волонтери во поплавените подрачја во Скопје

 Да го обележиме 12 август, Меѓународниот ден на младите преку хуманитарна акција.

Во пресрет на катастрофата која зафати
големи подрачја од Скопје,
Националниот младински совет на
Македонија отвора повик за волонтери
во поплавените подрачја во Скопје. За
таа цел НМСМ ги повикува сите млади
лица, младински организации,
организации за млади да се вклучат во
акцијата

      Драги млади, Во пресрет на катастрофата која зафати големи подрачја од Скопје, Националниот младински совет на Македонија отвора повик за волонтери во поплавените подрачја во Скопје. За таа цел НМСМ ги повикува сите млади лица, младински организации, организации за млади да се вклучат во акцијата и воедно да го обележат 12 август, Меѓународниот ден на младите преку хуманитарна акција.

За сега од Дирекцијата за заштита и спасување имаме информација дека се потребни волонтери за:  грижа на цивилното население (возрасни и стари лица, повредени лица итн.);  расчистување на ѓубрето и сметот;  дистрибутери за храна, вода, лекови, сретства за хигиена и др.

Аплицирањето е едноставно, со пополнување на електронската пријава која можете да ја најдете на овој линк.

Базата на волонтери која ќе биде креирана од Националниот младински совет ќе биде ставена на располагање на сите неформални групи, национални и меѓународни институции и организации кои формално или неформално организираат хуманитарни акции во поплавените подрачја како и Дирекцијата за заштита и спасување која во посредство на Националниот младински совет на Македонија ќе координира исто така дел од волонтерите. Националниот младински совет на Македонија е во можност да ги снабди волонтерите со ракавици и заштитни маски и воедно апелира волонтерите задолжително да се снабдат со гумени чизми.

Исто така НМСМ повикува, доколку некој има одвишок опрема или дополнителна опрема (метли, џогери, лопати, алат итн.), да ги достави истите во просториите на НМСМ на ул. Костурски Херои бр.51/2 или да се јави на 078 350 531 за дополнителна координација. Национален младински совет на Македонија повикува на солидарност со населението погодено од поплавите и ги повикува сите млади да го обележат Меѓународниот ден на млади со конкретна акција која во моментов некому живот значи.

Срдечно,

Национален младинскки совет на Македонија

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s