Обука за вештини за градење мир

Центарот за ненасилна акција (ЦНА), Сараево-Белград

Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Скопје

Акција за ненасилство и градење на мир (АНП), Гњилане

Ве повикуваат да се пријавите на тренинг

 Вовед во градење на мир: mir – paqe – мир 2015.

15. 2015 – 24. 5. 2015. во Дојран

Доколку живеете во Македонија, Косово или Србија, имате повеќе од 21 година, сметате дека живеете во страв и недовреба, а би сакале да дознаете како вашите соседи размислуваат и сметате дека јазичната и националната различност не смеат да бидат причина за отсаство на комуникација – ве повикуваме да се пријавите на тренингот Вовед во градење на мир

 Тренингот на кој ве повикуваме се потпира на искуствата на организациите ЦНА, АНП и Меѓаши кои на различни начини работат на градењето на мирот на просторите на бивша Југославија и кои ни беа од помош при коципирање на работилниците. Идејата за тренингот Вовед во градење на мирот настана од потребата да се посвети особено внимание на разбирањето на контекстите на Косово, Македонија и Србија, како и за создавање на простор за запознавање, рушење на предрасудите, разбирање на конфликтите и поставување на основа за понатамошна соработка во градењето на мирот и покрај јазичната бариера. Ве повикуваме на заедничко промислување за тоа што можеме да сториме да општествата во кои живееме ги направиме помалце насилни и поделени. Ве повикуваме општествената промена да ја започнеме од нас самите.

 Учествувајќи на овој тренинг добивате можност да научите како да ги препознаете клучните политички и општествени проблеми во вашето општество, но и идеи и инспирација како активно да се вклучите во нивното решавање. Исто така добивате и можност за учество во разменување искуства и мислења со учесници од соседни земји, како и со свои сограѓани од различни етнички групи, за да го направите првиот чекор во разбивање на дистанците помеѓу нас.

 Особено сакаме да ве поттикнеме да се пријавите доколку:

работите во образовани установи, медиуми, државни институции;

сте активни во мировни организации, граѓански движења и здруженија, политички партии;

не сте во ниту една горенаведена организација/институција но имате голема желба и мотивација да придонесете кон градењето на мирот и менувањето кон подобро на сопственото општество

 Како изгледа тренинг Вовед во изградба на мир?

Работата на тренингот не значи седење и слушање на долги предавања. Тоа не е ниту можност за пасивно примање на знаење и стекнување вештини, ниту собир наменет за разубавување на биографиите на учесниците/чките. Ова не е ни место за добивање на волшебни рецепти, ниту учење на модели кои само треба да се применуваат.

Тренингот е место и простор за разменување, рефлексија и саморефлексија, критичко преиспитување, вредносни и идејни несогласувања, вежбање на дијалог со неистомисленици. Можност за работа врз себе чија цел е да придонесе кон промените на општествено ниво.

Се работи за интензивна деветодневна програма која бара висок степен на мотивација од учесниците/чките и нивна спремност активно да учествуваат во процесот на работење. Секој ден е поделен на два работни блока/работилници, претпладневен и попладневен во траење од 3,5 часа. Тренерскиот тим кој е составен од 5 члена задолжен е за подготовка и водење на работилниците. Но, од спремноста на самата група отворено да разговара и да придонесува со лични искуства и увиди зависи конечниот квалитет на тренингот.

На тренингот ќе работиме на теми како што се насилство, разбирање на конфликтите, соочување со минатото, креативна разработка на конфликти, улога на половите во општеството, идентитет и национален идентитет, различности, дискриминација.

Во зависност од интересите и потребите на групата на овие теми можат да се додадат и некои нови. Во работата се користат различни методи на интерактивна работа – пленарни дискусии, работа во мали групи, искуствени вежби, анализа на печатен и видео материјал, играње улоги…

Работни јазици на тренингот се македонски, албански, српски, босански, хрватски и црногорски. Ќе биде обезбеден консекутивен превод (албанско-македонски, албанско-српски, во двата правци) преводителите ќе бидат присутни за целото време на работилниците. Од нашето децениското искуство во водење регионални тренинзи имаме увид дека македонскиот јазик е разбирлив на учесниците кои се служат со српски, хрватски, босански и црногорски, како и дека учесниците кои зборуваат само македонски добро ги разбираат наведените групи јазици. Затоа одлучивме да не ангажираме и преведувач од македонски на други словенски јазици туку само на албански. Сакавме да го сведеме бројот на преведувачи на неопходен минимум, затоа што поголем број луѓе кои не се ни учесници ни тренери а присуствуваат на работилниците може значително да влијае врз динамиката и фокусираноста на групата. Англискиот јазик не е работен јазик на овој тренинг но можеме со него да се служиме опционо. Во секој случај, ќе се користиме со сите можни средства за подобро да се разбереме.

Што уште е важно да се знае пред пополнување на прашалникот?

За учество на тренингот потребно е задолжително да одвоите полни девет дена. Доколку не сте во можност да учествувате сите девет дена ве советуваме да не се пријавувате овој пат. Важно е пред пополнување на прашалникот внимателно да го прочитате целиот повик, за да добиете јасна слика што тренингот значи.

Потсетуваме – тренингот за градење на мир не е можност за одмор, ниту за платена екскурзија. Програмата е интензивна и бара посветеност а висока мотивација на учесниците/чките за работа е важен критериум при одбирање на пријавите.

Досегашното искуство укажува дека за секој тренинг се пријавуваат многу повеќе учесници од предвидениот број места во една група (18). Имајте во вид дека во процесот на селекција тренерскиот тим се води според различни критериуми – јасна мотивација, рамномерна географска, полова, старосна, професионална застапеност. Затоа внимателно пополнете ја пријавата и одговорете на сите прашања.

Технички и логистички информации:

Тренингот ќе се одржи во Дојран (Македонија) од 15.5 до 24.5.2015 година. За сите учесници/чки ќе биде обезбедено сместување во двокреветни соби, со доручек, ручек и вечера. Трошоците за сместување, храна, пат и потребни материјали за работа ги покриваат организаторите. Ве молиме при изборот на начинот на патување да одберете најекономични видови транспорт бидејќи нема да бидеме во можност да покриваме патувања со авион и такси, како ни автомобил доколку со него не патуваат најмалку две особи.

Ден за доаѓање во Дојран е 15.5.2015. Ден за заминување е 24.5.2015

Работна сатница:

09.30–13.00 Предпладневна работилница (со пауза од 20 минути)

13.00–16.30 Пауза за ручек и одмор

16.30–20.00 Попладневна работилница (со пауза од 20 минути)

Принцип на пријавување:

Доколку сакате да учествувате во оваа програма ве молиме пополнете го приложениот прашалник (кој се наоѓа на последната страна) и пратете ни го најдоцна до 31.3.2015 година

преку e-mail на адреса youth@sppmd.org.mk 

СППМД може да испрати само еден претставник На обуката ќе учествуваат вкупно 18 учесници. За резултатот на изборот ќе ве известиме до 06.4.2015.

Дополнителни информации ќе ви проследиме по изборот на пријавите

Срдечно,

Тренерски тим

Албулена Карага, ПДАС Меѓаши

Јасна Димитријевиќ

Наташа Окиљ

Ненад Вукосављевиќ, ЦНА

Неџат Исмајли, АНП

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s